Италија го декриминализира одгледувањето канабис
Италијанскиот Министерски совет денеска го изготви законот со кој се декриминализираат серија полесни кривични дела, вклучувајќи ги и прекршувањата на правилата поврзани со одгледувањето канабис за терапевтски цели, информираа француските медиуми.
- Не станува збор за декриминализирање на постапките на оние кои одгледуваат трева на својата тераса, туку да се наметне административна санкција место досегашната кривична за оние кои имаат одобрение да одгледуваат канабис за терапевтски цели, но ги прекршуваат пропишаните одредби, објасни министерот за правда Андреа Орландо.
За оние кои немаат право да го одгледуваат растението за терапевтска цел ќе остане казната до една година затвор и четири милиона евра парична казна.
Оваа реформа има за цел да го олесни товарот што е наметнат врз кривично-правниот систем и санкцијата да ја направи поефикасна.
Според новиот начин на вреднување, возењето автомобил без возачка дозвола преминува од категоријата кривично дело во административен прекршок, и покрај тоа што казната ќе биде „посолена“ и ќе варира меѓу 5.000 и 30.000 евра, место досегашните 2.200 - 9.000 евра.
Нанесувањето повреди, непристојните активности, злоупотребите со човековата доверба и некои видови фалсификување документи, исто така, ќе подлежат на административни санкции.
Ново на Сител
-
Јапонија ќе обезбеди два милиони долари помош за Калифорнија за ублажување на последиците од пожарите
-
Анчелоти презема драстични мерки за да избегне дополнително понижување од Барселона
-
Дванаесет Холанѓани се заразиле со хепатитис од боровинки, се стравува дека бројката е многу поголема
-
Мета ќе отпушти пет отсто од вработените, Цукерберг очекува „интензивна година“
-
Папа Франциск: Злоупотребата на децата е ужасно злосторство, неопходно е да се покаже солидарност со малтретираните
-
Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија
-
Во Косово затворени сите институции поврзани со Србија
-
Кос: Се надевам дека Македонија ќе го смени Уставот