Loading Video...
Фудбал
12. July 2021 - 19:52

Италија му нанесе тежок удар на англискиот фудбал

Репрезентацијата на Италија е нов европски првак откако  по изведувањето на пеналите ја совлада Англија со 3-2 во големото финале на Вембли што е втора титула за аѕурите додека  Англичаните  и натаму се без трофејот што многу го посакуваа и го загубија пред својата публика. 
Многу еуфорија, многу радост донесе пласманот во финалето  на Англија за фановите од островот  но за жал и преголема самоувереност која фудбалерите на Саутгејт на крајот ги чинеше многу скапо и не го остварија големиот сон да бидат на врвот на Европа. 
А се добро започна , како што една екипа може само да посака. Англија уште на стартот го отвори резултатот и најави продолжување на славјето кое започна уште рано утрината на финалниот ден.  Лук Шо по само две минути игра го доведе Гордиот Албион до предност  што Италијаните долго се обидуваа да ја анулираат и успеаја во 57-та минута  по мешаницата пред  
англискиот гол  каде најдобро се снајде Бонучи. 
Откако резултатот остана 1-1 и по одигрувањето на продолжетоците  се пристапи кон изведувањето на пенал серијата.  Историска вечер имаше голманот на Италија Донарума кој во серија одбрани три удари од белата точка и со тоа ја завери втората европска титула за Италија, а талентираниот голман го промовира во најдобар играч на европското првенство.
Донарума ги одбрани ударите на Рашфорд, Санчо и Сака додека  кај Италијаните не реализира Белоти.