Италија воведува задолжителна вакцинација на децата

Италијанската Влада усвои уредба со која се воведува задолжителна вакцинација на децата против инфективни болести.
Како што соопшти Владата во Рим, со одлуката сите деца на возраст до шест години мора да бидат имунизирани или во спортивно нема да им биде дозволено да се запишат во градинка.
- Родителите кои ќе ги праќаат децата на таа возраст во градинките без задолжителните вакцинации, ќе подлежат на парични казни, изјави италијанскиот премиер Паоло Џентилони.
Досега во Италија задравствените власти им препорачуваа на родителите да ги вакцинираат децата против морбили, рубеола, веричела, заушки и менингитис, но тие вакцинации не беа задолжителни.
Покрај имунизацијата против овие пет болести, со новата одлука, децата треба да бидат вакцинирани и против полио, дифтерит, тетанус, хепатитис Б, пертусис и хемофилчна инфлуенца од типот Б.
Минатиот месец италијанските власти предупредија дека како последица на кампањата за невакцинирање на децата, во земјата се појави епидемија на морбили. Од почетокот на годината во Италија се регистирани над 2.340 случаи на морбили, што е значително повеќе во однос на лани, кога имаше 840 заболени и во 2015 година, кога се заведени 250 болни.
Ново на Сител
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
-

Вучиќ: Курти на денешен состанок со Макрон ќе изнесе две барања од кои едното е „многу опасно“
-

Без струја делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба, без вода корисниците од една улица во Нерези
