Loading Video...
Свет
10. July 2020 - 12:36

Италија забрани влез на 13 земји на нејзина територија меѓу кои е и Македонија

Италија од денска забранува влез на нејзина територија од 13 земји за кои процени дека имаат премногу случаеви на корона вирус. На списокот покрај 12 други држави се најде и Македонија. Забраната се однесува на сите кои престојувале во тие земји или поминале низ нив во изминатите 14 дена изјави министерот за здравство Роберто Сперанца. Патниците од сите други земји надвор од Европската Унија и Шенген зоната можат да влезат во Италија, но по пристигнувањето тие мора да поминат 14 дена во карантин.

Во Белград но и во други српски градови вчера беа одржани неколку часовни мирни демонстрации пред Собранието на Србија каде што во претходните два дена дојде до нереди синоќа протестот мина со помали инциденти. Поголемиот дел од граѓаните седеа како начин да се оградат од групите и поединците, кои на протестите од претходните две вечери се судрија со полицијата.  Повод за протестите низ повеќе градови во Србија беше најавата на српскиот претседател Александар Вучиќ за повторно воведување полициски час и рестриктивни мерки поради зголемувањето на бројот на заболени од корона вирус.

А токму во српскиот град Нови Пазар како последица на корона вирус починале дури 10 лица во текот на ноќта, изјави координаторот на тамошната болница д-р. Мирсад Џерлек. тој информираше дека се работи за постари пациенти и нагласи дека ниту една помлада личност не починала.

Државниот совет во Турција денес ќе се произнесе за прашањето дали Аја Софија ќе стане џамија. Турски медиуми вчера јавија дека веќе е донесена одлука дека пренамената на црквата Света Софија во Истанбул во музеј во 1934 година била незаконска. Ако судот  донесе таква одлука денеска, тогаш се отвора патот Света Софија да се пренамени во џамија. Потег кој во пресрет на минатогодинешните избори го најави претседателот Реџеп Таип Ердоган.