Иванов на 38. сесија на генералната конференција на УНЕСКО во Париз
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на лидерскиот форум во рамки на 38. сесија на генералната конференција на УНЕСКО.
Претседателот Иванов, соопшти неговиот кабинет, ќе се обрати на пленарната сесија на отворањето на лидерскиот форум, на тема „70 години УНЕСКО - мир и одржлив развој во сложен свет“.
Македонскиот претседател ќе присуствува и на свечената церемонија по повод 70 годишниот јубилеј од формирањето на УНЕСКО.
Во рамки на учеството на 38. сесија на Генералната Конференција на УНЕСКО, предвидена е средба на претседателот Иванов со генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, како и средби со дел од присутните лидери, учесници на форумот.
За време на работната посета на Француската Република, претседателот Иванов ќе ја посети Македонската православна црковна општина „Св. Кирил и Методиј“ во Париз. Тој ќе се сретне и со истакнати бизнисмени - претставници на Клубот Македонија 2025 – Франција.
Ново на Сител
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди
-
Дончиќ нов играч на Л.А. Лејкерс, трансферот се одвивал во строга тајност, Словенецот не знаел ништо
-
Јаневска за новиот концепт на гимназинско образование: Нормално е да има реакции, не е исклучена можноста за промени
-
И болничките кујни под лупа на инспекторите на АХВ
-
Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата