Иванов на 71. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска - до 23 септември 2016 година, ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе учествува на 71. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Претседателот Иванов, како што соопштуваат од неговиот кабинет, ќе има обраќање на генералната дебата на 71. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации на тема „Одржливи развојни цели: универзален притисок за трансформирање на нашиот свет“. Воедно, македонскиот претседател ќе се обрати на пленарната сесија на состанокот на високо ниво на Генералното собрание на Обединетите нации посветена на големите движења на бегалци и мигранти.
Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, како и повеќе други билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.
За време на работната посета на Њујорк, претседателот Иванов ќе оствари средба со високиот претставник на ОН за Алијансата на цивилизациите Насир Абдулазиз Ал-Насер и ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу ФОЦ – Фондацијата Алијанса на цивилизации од Скопје и UNAOC – Алијанса на цивилизациите на Обединетите Нации.
Во рамки на работната посета на САД, македонскиот претседател ќе оствари средба и со претставниците на македонската дијаспора во Њу Џерси.
Претседателот Иванов за време на посетата на Њујорк ќе биде придружуван од својата сопруга Маја Иванова, која во рамки на дамската програма ќе учествува на повеќе настани, меѓу кои на 9. Годишна конференција со фокус на аутизмот, во организација на фондацијата „Аутизмот зборува“. Иванова на покана на сопругата на претседателот на САД, ќе присуствува на приемот кој го приредува Мишел Обама, како и на приемот во организација на сопругата на Генералниот секретар на ОН Бан Сон-Таек.
Во официјалната делегација предводена од претседателот Иванов е и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски.
Ново на Сител
-

Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места
-

Епидемиологот Оранска од ВМЦ: Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, болеста не потекнува од Армијата
-

Тешко повредено 11 годишно момче во Штип, со велосипед удрило во дрво
-

Без вода утре делови од Карпош
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
