-->
-->
Иванов: Од правен аспект се е чисто и јасно со помилувањата
-->

Одлуката за помилување ја донесов врз основа на правата што ми се дадени во Уставот и во Законот за помилување. Од правен аспект се е чисто и јасно, вели претседателот Ѓорге Иванов во интервју за „Дневник“.
- Во меѓувреме се јавија разни интерпретации и оспорувања на таквата правна основа. Од сета таа дебата можевме да дознаеме колку лажни авторитети сме имале во државата. Дознавме колку лесно се руши сопствениот авторитет за да се угоди на одредена политичка структура или колку влијае на стручниот став фактот кога ќе ве стават на список за советници“, вели македонскиот претседател.
Додава дека сите аргументи зошто ја донесол одлуката за помилување ги образложил во обраќањето на 12 април. -Тогаш, вели, укажав на реалната ситуација со која се соочуваме и потребата од помирување. Тоа го направив зошто граѓаните дневно ги следат случувањата, но не можат да ја согледат севкупната слика на кризата од нејзиниот почеток, продлабочување и кулминација. Имено, ако во 2001 година, кога имавме вооружен македонско-албански конфликт, излеговме од таа состојба со помирување, односно Собранието донесе општа амнестија, тогаш зошто и сега, кога имаме жесток меѓумакедонски судир кој се закануваше да излезе од границите на нормалноста, јас како Претседател да не понудам начин за помирување преку помилување на сите што се вклучени во кризата. Затоа во помилувањата беа опфатени претставници и од власта и од опозицијата, објаснува претседателот Иванов.
Во врска со обвинувањата дека применил селективна правда, претседателот Иванов прашува каква е таа селективна правда, кога беа опфатени претставници и на власта и на опозцијата, вклучувајќи ги и обвинетите во случајот „Пуч“, лидерот на опозицијата Зоран Заев. Посочува беа опфатени обвинителите од СЈО за кои постоеја кривични пријави за малтретирање во вршење на службата, па дури и сопругот на потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска и сите од власта за кои имаше кривични пријави. - Ако Заев е искрен треба да обелодени што кажал по мојата одлука – ја поздравил одлуката и истакнал дека помирувањето е начинот да се излезе од кризата. А некои од опозицијата, кои биле на листата на помилувани, дури и славеле. Но веројатно поради притисокот што го добиле, иако не по нивна волја, во меѓувреме си го променија мислењето“, вели претседателот Иванов во интервјуто за „Дневник“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
