Македонија
15. July 2020 - 20:06

Изборите во земјава се во фокусот на меѓународната заедница, но и на регионалните медиуми

Изборите во земјава се во фокусот на мегународната заедница, но и на региналните медиуми.  Процесот го следат 160  надворешни набљудувачи и преведувачи , од кои најбројни се од американсаката амбасада 41, ОБСЕ и ОДИХР имаат 26 претставници , делегацијата на Еу 13,  исто толку има и  француската амбасада, 10 унгарската , Германија и  Велика Британија по 7, Италија 6,  Албанија 4. Американската амбадорка порача дека е задоволна од  изборниот процес.  

„Задоволна сум што граѓаните на оваа земја учествуваат во демократскиот процес. Тим од Амбасадата на САД му се придружи на ОБСЕ, на граѓанското општество и меѓународните набљудувачи за набљудување на изборите, и ќе бидам таму заедно со нив“, напиша Брнз на твитер.

Изборите, и покрај посебните услови кои ги наметна  пандемијата,  ги следат и бројни странски медиуми.. Новинарски екипи се пристигнати  од Грција, а  акредитирани се и новинари од Франс Прес, Ројтерс, Германската АРД и Ал Џезира Балкан.

Во извештаите во  медиумите од  регионот, но и пошироко,   овие избори се  оценуваат како клучни за иднината на државата , но во исто време и како крајно неизвесни . Се потецира дека изборите се изведуваат во посебни услови кои ги наметнува епидемијата. Гардијан пишува дека  стабилноста на земјава е од особена важност за безбедноста на целиот балкански регион.