Издадени 2.243 потврди на мигранти за намера за азил

Во последното деноноќие на вкупно 2.243странски државјани, издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Како што соопшти МВР, од нив 1.389 лица се од машки пол, 320 се од женски, 456 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 78 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда. Според државјанството најбројни се државјаните на Сирија-1.772, Ирак-211, Авганистан-191, Палестина-19, Иран-17, Пакистан-14, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни до утрово во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 87.307 странски државјани, од кои, 58.124 се од машки пол, 11.899 се од женски, 14.623 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.661 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-69.315, потоа Авганистан-6.778, Ирак-4.456, Пакистан-2.528, Палестина-938, Сомалија-625, Бангладеш-583, Конго-357, Иран-365, Нигерија-221, Камерун-165, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-109, додека останатите се во помал број.
Инаку, во изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени вкупно 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

ЕУ отвори истрага против Booking.com поради лажни огласи и измами – се заканува казна до 6% од глобалниот промет
-

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
-

„Џејмс Бонд“ оди на аукција
-

На бегалката Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство
-

Во Србија вечерва почнува изборен молк
-

Неверојатни снимки од пештерата Врело на Матка, на 338 метри под вода – нуркачот открива дека пештерата продолжува уште подлабоко
-

Утре нема да работат шалтерите за наплата и рекламации на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
-

Земале брзи кредити со туѓи податоци и направиле штета од над 12 милиони - Кривична за две кумановки и петмина банкари
