Македонија
1. December 2020 - 13:55

Изгореа помошни простории во „Оранжерии Хамзали“ кај Струмица

Во пожар кој избувнал денеска околу 8 часот, изгореа помошни простории во кругот на АД „Оранжерии Хамзали“, во близина на селото Хамзали кај Струмица.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, во гасењето на пожарот учествувале три противпожарни возила и осум пожарникари, кои го изгаснале пожарот во 10:15 часот.

Според пожарникарите, причина за пожарот можеби е печка на дрва.