Изградбата на колекторскиот систем во Кочани во јуни

Подготвителните активности за почеток на проектот за изградба на колекторот и станицата за прочистување на отпадни води во Кочани се завршени. Градежните работи ќе започнат идниот месец, со што и практично ќе се реализира обемниот зафат што треба да придонесе за современ третман на фекалната и друга канализација во градот и дел од населените места во општината.
Ова беше истакнато на работната средба на Управниот одбор на проектот што се одржа во Кочани и на која беше дадена позитивна оценка на досегашните активности на прокетот, како од страна на општината, Комуналното претпријатие Водовод, така и со мегународниот донатор СЕКО..
- Градежните работи за колекторскиот систем во Кочани ќе започнат годинава. На крајот на идниот месец очекуваме да стартува реализацијата на проектот за филтер станицата за отпадните води во близина на селото Мојанци, истакна Тим Кемптер, заменик проект менаџер.
За реализацијата на проектот финансиските средства ги обезбеди Владата на Швајцарија преку Агенцијата за развој и соработка – СЕКО, која дава грант од 21 милион швајцарски франци, а остатокот од околу 2 милиони евра се од буџетот на Република Македонија.
Изградбата на станицата за прочистување на отпадните води заедно со колекторски систем и придружна опрема, е дел од Проектот за управување со сливот на Брегалница, што го поддрува Швајцарската влада.
Ново на Сител
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
-

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани само шест пациенти
-

Митева: 300 милиони денари за прославата обезбеди Државна лотарија - не се потрошени буџетски средства
