Овој инцидент се случил во Кливленд на 12. јануари, но дури последните денови стана вест во американските медиуми, откако се појави снимката.
Таткото останал шокиран кога видел дека возот тргнал без него, со неговото дете. За среќа надлежните брзо реагираа и детето е вратено на таткото. Службениците соопштија дека ниту бебето, ниту другите патници не биле во опасност.