Изложба и фото-работилница на Александар Кондев во Крива Паланка
Триесетина основци и средношколци од Крива Паланка имаа можност да се запознаат со тајните на уметничката фотографија на работилницата со фотографот Александар Кондев.
Ретроспективната изложба на Александар Кондев, поставена од 20 октомври во градската уметничка галерија на кривопаланечкиот музеј, беше отворена со практично пренесување на повеќедецениското искуство од областа на фотографската уметност.
- Знаењето има вредност само доколку се пренесе, Во таа насока и денешното мое дружење со помладите почитувачи на фотографијата, како најмоќен медиум на кој се засноваат повеќе области, новинарството, историјата, археологијата, уметноста и други. Моќта на фотографијата е голема, а Македонија бележи традиција на фотографирање уште од 19 век. Јас го пронајдов и најстариот запис за фотографија во манастирот „Свети Димитриј“ во Велес од Аџикосте, кој датира од 1855 година, неполни две децении по патентирањето на оваа уметност, во 1936 година, од страна на Француската академија за науки и уметности, рече Кондев.
Александар Кондев е претставник на третата, но и најстара во моментот генерација на македонски фотоуметници, чие фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на фотографската мисла во земјава.
- Сум минал секаде низ Македонија со мојот занает, и речиси секое камче од тлото на оваа држава ми е познато. Македонија има безброј убавини, овековечени со фотографиите кои ќе говорат за објектите, состојбите и приликите на времето во кое се забележани, за времето во кое живееме и ќе им служат и на идните генерации, како извор на знаења, информации и факти, додаде Кондев. Додаде дека денес уметноста, благодарение на интернетот, е достапна секаде и секому.
Творештвото на Александар Кондев, создавано пет децениии, претставува сведоштво за вкупниот развој на фотографијата во Македонија. Александар Кондев е доајен на македонската уметничка фотографија, репрезент на нејзиниот развој и современи дострели во национални рамки. Бележи 9 самостојни изложби, учествувал на 40-тина групни изложби во земјата и странство и има бројни национални и меѓународни награди.
Во Градската уметничка галерија на Градскиот музеј-Крива Паланка се изложени триесетина фотографии на Кондев. Изложбата ќе биде отворена до 5-ти ноември годинава.
Ново на Сител
-
Бадникова поворка во понеделник во Кавадарци
-
Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Мегваер до 2026 година
-
Агелер: Доказите за поранешниот вицепремиер Груби се на дофат на македонските власти
-
Тошковски со извинување до велешани за затворањето на мостот во Башино село , вели полицијата ќе обезбеди проток на сообраќајот
-
Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Пронајдено телото на мажот кој настрада во синоќешната несреќа кај Рашче
-
15-годишен дилер од Скопје добил кривична пријава
-
Кривична за двајца скопјани за обид на убиство и помагање