Изложба на француски дизајн во Музејот на современа уметност

Францускиот институт вечер во Музејот на современа уметност (МСУ) ќе организира настан насловен „Франција, земја на дизајнот“, кој ќе опфати предавање на тема „Францускиот дизајн низ примерот на познато дизајнерско студио“ и изложба на дела од француски дизајнери „Маси како уметнички слики: уметност, дизајн и традиционални творби“.
Изложбата ќе ги прикаже креациите на француските дизајнери кои работат за елитни призводители на кујнски прибор. Ќе бидат претставени дела од познати и потврдени, но и од млади француски дизајнери на современ кујнски прибор и прибор од кристал. Изложбата досега е поставена во повеќе земји низ светот и била многу посетена.
Отворањето ќе биде во присуство на Антони Лебосе, реномиран француски дизајнер, директор на студиото 5.5 во Париз, кој претходно во просториите на Музејот на современа уметност ќе одржи предавање на тема „Францускиот дизајн низ примерот на познато дизајнерско студио“.
Предавањето е отворено за јавноста и за него е обезбеден консекутивен превод. Антони Лебосе, кој е почесен гостин на настанот, денеска во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ ќе одржи и професионална средба со македонски дизајнери.
Ново на Сител
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
