Свет
27. December 2017 - 13:16

Израел најави изградба на железничка станица „Трамп“ во Ерусалим

 Израелскиот министер за транспорт Израел Кац планира да ја прошири експресната железничка пруга во Ерусалим, каде во иднина ќе има станица која ќе го носи името на американскиот претседател Доналд Трамп.

Брзата пруга Тел Авив - Ерусалим ќе биде пуштена на пролет.

Планот на министерот Кац за проширување вклучува две подземни станици и тунел долг повеќе од три километри под центарот на Ерусалим и Стариот град.

Портпарол на Министерството изјави дека вредноста на проектот изнесува повеќе од 700 милиони долари и доколку биде одобрен за негова реализација се потребни четири години.