Израел по трет пат излегува на избори за една година
Во Израел ќе има нови избори, трети за помалку од една година, бидејќи ниту една партија не успеа да обезбеди мнозинство потребно за формирање влада.
Рокот за формирање на владата истече на полноќ, а пратениците на Ликуд, Сино-белата коалиција, синоќа поднесоа предлог зкаон за распуштање на Кнесетот и новите избори ги закажаа за 2 март , пренсе Би-Би-Си.
Актуелниот премиер Бенјамин Нетајнаху и неговиот главен ривал Бени Ганц не успеаја да формираат влада, иако нивните партии Ликуд и Сино и бело, освоија 32, односно 33 места, од постојните 120 во Кнесетот. Не успеаја да формираат ниту влада на националното единство, иако претседателот на земјата Рувен Ривлин ги повика на таков чекор.
Нетанјаху, инаку, во меѓувреме е обвинет за примање поткуп, кршење на довербата и измама. Засега тој не побарал од парламентот да му го гарантира имунитетот од судење, но како што се наведува, тој тоа го очекува.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар