Израелската армија соопшти дека убила уште еден командант на Хамас
Израелската армија утринава соопшти дека убила уште еден командант на командосите на Хамас, кој минатиот викенд ги предводеше нападите врз населените места Нирим и Нир Оз во јужниот дел на Израел.
Билал ал Кедра, командант на т.н од единицата Нухба на јужниот баталјон Кан Јунис, беше убиен во воздушен напад благодарение на разузнавачките напори на израелската безбедносна служба Шин Бет и военото разузнавање, објавија израелските медиуми.
Уште неколку членови на исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Појасот Газа, и Исламскиот џихад се убиени синоќа во Појасот Газа, соопшти израелската армија.
Се наведува дека биле погодени повеќе од 100 цели, вклучувајќи командни центри на Хамас, воени комплекси, десетици ракетни лансирни рампи, локации за лансирање противтенковски ракети и набљудувачки пунктови и командни центри на Исламскиот џихад.
Војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас, во која загинаа илјадници луѓе, почна пред девет дена.
Ново на Сител
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
-

Џјинпинг: Односите меѓу Кина и Русија се „непоколебливи“
