Извештај на ИЈЗ: Половина од новите случаи од Скопје - најподложни на вирусот од 30 до 39 години
Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до 18 октомври 2020г., тестирани се вкупно 13.213 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe 2.676 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 19,3% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.375; 51,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија –228,3/100.000.
Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 20,3%.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=559, 20,9%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=522; 19,5%), 20-29 (n=470; 17,6%), над 60 (n=469; 17,5%) и 50-59 (n=443; 16,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=79; 3,0%) и 10-19 години (n=134; 5,0%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1.313; 49,1%), регистрирани се 96 (7,3%) хоспитализирани, а кај 305 (23,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 470 (35,9%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 26 (2,0%) лица со историја на патување (во последни 14 дена).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.089 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 25% повеќе во однос на минатата недела.
Пријавени се 49 смртни случаи од 16 градови, зголемување од 58,1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 38 лица биле над 60 години, 9 лица на возраст од 50-59 години и 2 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Ковид-19 за периодот од 12-18.10.2020г., како и Кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
