Извештајот за реформскиот напредок на Македонија ќе биде објавен денеска
Европската комисија попладнево ќе ги презентира извештаите за напредокот на реформскиот процес во шесте земји од Западен Балкан, Македонија очекува потврда за поддршката за почеток на преговори, јави дописничката на МИА од Брисел.
Извештаите ќе ги презентира еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, пред европратениците од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, по што ќе одржи и прес-конференција за медиумите.
Секоја година Европската комисија го мери и оценува реформскиот напредок на сите шест земји вклучени во политиката на проширување на ЕУ на Западниот Балкан – од судство, до економија, медиуми, човекови права, и сите други релевантни области за зачленување во Европската Унија.
За Македонија е клучно и овој извештај уште еднаш да ја потврди подготвеноста на земјата за започнување на преговорите за членство со ЕУ, како што тоа повеќе пати е посочено во Европската Комисија и Европскиот Совет.
Македонија не може да ги започне преговорите со ЕУ поради блокадата на Бугарија за билатерални прашања.
Дипломатите во Брисел очекуваат денешниот извештај да ја повтори пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека Македонија треба да ја отвори првата Меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годината. Оваа порака Фон дер Лајен ја упати при нејзината посета на Скопје на крајот на септември.
За да се одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ, треба претходно да биде усвоена преговарачката рамка предложена од Европската комисија до 27-те земји членки и до Македонија.
Бугарија не се согласува со содржината на оваа преговарачка рамка.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово