Извлечени српските туристи заглавени во стрмен планински предел во северна Албанија
– Спасувачките екипи успеаја да ги извлечат српските туристи кои беа заглавени во стрмен планински предел во подрачјето на северниот албански град Тропоја.
Исто така извлечено е и мртвото тело на српскиот турист Ѓ.С., кој најверојатно починал како последица на срцев удар. Како што јави АБЦ њуз екипа на косовската планинска служба за пребарување и спасување, со воздушна поддршка на службата за итни интервенции на Албанија, реализирала акција за извлекување на мртвото тело на алпинистот од Србија и другите лица кои биле со него.
-Спасени се две лица момче и девојка кои се сместени во Валбона и се во добра здравствена состојба. Според првите информации, познато е дека починатиот доживеал срцев удар и нашите екипи го однесоа телото до просторот каде што можеше да слета хеликоптерот, стои во соопштението на косовската спасувачка екипа. Акцијата за извлекување почнала по повик во оперативната сала на Полицискиот комесаријат во Тропоја од српска туристка дека им треба помош.
Тие биле заглавени во местото викано „Врв на отворените клисури“, во месноста Валбона, кое се споредува со австриските Алпи, поради што туристите и алпинисти од многу земји често го посетуваат.
Ново на Сител
-
Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“, изменет сообраќаен режим за Скопски маратон
-
ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут