Извор од грчко МНР: И ние запаливме нивни знамиња
И ние запаливме знамиња во Солун и се слушнаа слогани „земете оружје да одиме во Скопје“, коментирал висок функционер од грчкото МНР за грчката ТВ „Антена“ во врска со запаленото знаме на вчерашниот протест во Скопје и дали тоа ја загрижува владата.
Истиот извор на прашањето на Антена „за зголемениот тон во последните изјави на Заев“, упатил на коригираните изјави на македонскиот премиер во однос на имињата што се на преговарачката маса, но и за барањето за промена на Уставот.
– Во однос на текот на разговорите за скопското прашање, за процените за договор уште во текот на март, истиот извор коментираше: „не знам, ова треба да го одлучат другите. Ние имаме кажано дека нема да прифатиме еден лесен договор – објави телевизијата „Антена“, јави дописникот на МИА од Атина.
Ново на Сител
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место