Јаневска: Платите во образованието треба да се усогласат со колективниот договор и да се нивелираат според минималната плата
„Се доцни со обуките за наставниците кои треба да ја спроведуваат новата програма и тоа е исто толку страшно како немање учебници. Значи наставниците добиваат нови содржини, нови предмети како Историја Општество и за нив требаше да се одржат обуки“, изјави претседателката на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска во вечерашното гостување во Централниот дневник на ТВ Сител во „Тема на денот“.
Таа додаде дека државата треба сериозно да си направи план и стратегија што ќе прави со образованието затоа што таа 100 пати повторува дека ако нема образование нема држава и не може ништо друго да функционира што всушност ние тоа и го гледаме затоа што необразовани луѓе раководат на одредени значајни места и ние сме во ваква состојба во која што сме.
„Немањето кадар особено за професорите по Математика, Физика, Хемија, Информатика знаете јавна тајна во Македонија нашите информатичари уште пред да завршат факултет се вработуваат во странски фирми и онлајн работат од дома и земаат 5 пати поголеми плати од наставниците“, рече Јаневска.
Јаневска посочи дека денес министерот за образование вели дека Владата направила многу и им ја покачила платата за 15%, но при тоа не вели дека инфлацијата дефакто им го поништи тој процент од 15.
„Тие и со ова покачување на наставниците кои се луѓе од крв и од месо имаат семејство и свој потреби, тие со ова покачување сега во септември не може да си дозволат да си обезбедат тоа што можеа во јуни без покачувањето“ кажа Јаневска.
Јаневска потенцираше дека ова покачување воопшто не треба да се смета како нешто значајно што го направила Владата. Бидејќи она што секако им е ветено од оваа власт а тоа е според колективниот договор нивелирање на нивните плати според минималната плата во државата.
Ново на Сител
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата
-
ЦУК: На 112 изминатото деноноќие 1951 повик, меѓу кои и за спасување жена падната покрај пат
-
САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 400 милиони долари
-
Извозот на компаниите од ТИРЗ во април 300 милиони евра
-
Гордана Сиљановска Давкова и официјално претседател на државата, ДИК објави конечност на изборните резултати
-
Партијата на пензионери ја честита изборната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог