Loading Video...
Спорт плус
12. April 2021 - 12:18

Јанта Волеј КВ и Вардар денеска ја почнуваат битката на шампионската титула

Одбојкарките на Јанта Волеј Кисела вода и Вардар попладнево (18 часот) ја започнуваат финалната серија за шампионската титула во одбојкарското првенство на Македонија 
 
Серијата до три победи стартуваше на теренот на Јанта Волеј екипа која веќе обезбеди еден трофеј и тоа во Купот на Македонија во кој во финалето беше подобра токму од одбојкарките на Вардар. 
 
Инаку вардарки финалната серија ќе ја започнат со предност од 1:0 во победи, поради подобриот меѓусебен скор во регуларниот дел од првенството. 
 
Потсетување дека во машкото финале пласман обезбеди екипата на Универзитет во тетово која ги доби двата дуели против Вардар со 3:0. 
 
Тетовци го исчекуваат исходот од утрешниот меч во Велес, каде екипата на Џио Струмица му гостува на Борец па со евентуална победа, што е за очекување, и кај мажите ќе гледаме реприза на финалето од Купот.