Македонија
24. May 2020 - 18:04

Јанушев: Најголемиот дел од граѓаните се согласуваат со она што го предложи ВМРО-ДПМНЕ за изборите

Ме радува што од СДСМ се вразумуваат и ги прифатија нашите барања дека со глава во ѕид, со уцени, со поставување на ултиматуми не се постигнува ништо и навистина ми е драго што ретерираат од првичните ставови бидејќи од првиот момент кога заврши лидерската средба она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го соопштивме на јавноста беше дека очекуваме дека сепак ќе се најде начин да се седне и консензуално да се договори датумот за кога ќе се оддржат изборите, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Детектор“ на ител телевизија.

Јанушев во своето гостување потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ не постави црвени линии туку даде предлог за неколку датуми во временски период од повеќе или помалце месец.

-Токму во оној период во кој и во анкетите гледаме дека најголем дел од граѓаните се согласуваат со ВМРО-ДПМНЕ во однос на евентуалниот датум за одржување на избори но, ќе повторам уште еднаш дека се надевам дека преку консензус не се тука само ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тука се и партиите од албанскиот блок дека ќе најдеме начин како заедно да седнеме и да говориме кој датим кој ќе биде прифатлив за сите политички чинители, додаде Јанушев.