Јапонците ќе се обидат да направат супер виски во вселената
Јапонската компанија Сунтори, која произведува виски според стари шкотски рецепти, одлучи во текот на август во вселената да испрати колекција виски и други алкохолни пијалоци кои таму ќе „одлежуваат“, поточно стареат во услови на безтежинска состојба и минимлна промена на температурата.
Примероците виски, стари 10,18 и 20 години во вселенската орбитална станица ќе останат најмалку една година, а по враќањето експертите ќе утврдуваат колку таквиот начин на „стареење“ ќе влијае врз квалитетот на овие пијалоци.
Потрошувачката на виски во Јапонија во последниве 10 месеци расте со вртоглава брзина. Причина е и една ТВ емисија во која сопругата на јапонскиот сопственик на дестилеријата, Шкотланѓанка, откриваше како и колку овој пијалок делува на здравјето и неговото подобрување. Од тогаш Јапонците „полудеа“ по виски, а многумина веќе заклучиле дека овој пијалок, ако се консумира во пропишани количини, успешно лекува многу болести – од хемороиди до болести на срцето.
Продажбата на виски во Јапонија се зголеми уште повеќе од март годинава, кога угледното списание „Библија на вискито“ прогласи еден бренд од дестилеријата на Сунтори за најквалитетно во 2014 година. Покрај другот, јапонските љубители на виски се горди и поради фактот дека го презеле приматот од Јужна Кореја, чии возрасни жители до лани беа рекордери по пиење вискито.
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата