Јавна дебата за амандманите на Уставот- може ли да се заобиколи потписот на Иванов?
Академиците деенека имаа можност да дадат свој експертски осврт з нацрт амандманите на уставните измени , кои беа презентирани од страна на владините функционери Димитров и Османи. Шефот на дипломатијата истакна дека во интерес на Македонија е конечно да се затвотри поглавјето на идентитетските прашања и да се отвори патот кон НАТО и ЕУ. Според професорот Камбовски промената на името не задира во македонскиот идентитет.
Во диксусијата се отвори и прашањето за блокадата на престедатлот з на Указот за законот за ратификацијата на договорот.
Камбовски и Шкарич секој со свое решение за ова прашање.
По завршувањето на јавните расправи Владата ќе треба да достави Извештај до Собранието, а потоа претседателот на законодавниот дом Талат Џафери за 30 дена да закаже пленарна седница на која е потребно двотретинско мнозинство за финално усвојување на уставните измени.
-
Сања Сеизова
Сите содржини од овој новинар