Македонија
7. December 2021 - 11:58

Јавниот превоз утре ќе сообраќа по неделен возен ред

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека утре, кога е неработен ден поради државниот празник „Св.Климент Охридски“, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од ЈСП посочуваат дека дежурни ќе бидат три билетарници.

Од 7 до 19:30 часот  ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот билетарницата во Ѓорче Петров.