Јеменските бунтовници го свикаа Парламентот во знак на револт кон Владата
Јеменските бунтовници го свикаа вчера Парламентот во знак на револт кон Владата, призната од меѓународната заедница.
Овој нивни чекор беше осуден од претседателот Абд Рабо Мансур Хади.
Претходно шиитските бунтовници Хути, кои пд почетокот на 2015 година го контролираат главниот град Сана, го отфрлија мировниот план, предложен од Обединетите нации за да се спречи војната, која му се заканува на Јемен.
На вчерашната седница бунтовниците имаа цел да добијат од пратениците одобрение „Врховниот совет“, кој го создадоа во јули, да управува со земјата.
Според парламентарни извори 91 од вкупно 301 пратеник учествувале на седницата и гласале за тој совет.
Тоа е прва седница на Парламентот по бегството на претседателот Хади. По заземањето на Сана голем број пратеници беа принудени да избегаат од градот, а некои најдоа прибежиште во странство.
Хади одржувањето на седницата на Парламентот го означи како насилство врз Уставот.
- Што и да се случи на еден таков собир, тоа нема правна сила и не може да се спроведе, додаде тој.
Војната во Јемен зеде над 6.400 жртви, а 2,8 милиони лица се раселени, според податоците на Обединетите нации.
Ново на Сител
-
Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински дрон
-
Лишен од слобода 44-годишен маж, пренесувал мигранти од Египет
-
МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани
-
Најстудено утрово во Берово со минус осум степени
-
ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување повредени од Кочани
-
Комеморативно-културна манифестација во Шибеник во чест на жртвите од пожарот во Кочани
-
Едно лице почина во експлозија на плинска боца во Куманово
-
Топењето на глечерите ги загрозува резервите на свежа вода, предупредуваат експертите