Балкан
23. October 2016 - 8:46

Јилдирим: Турција нема да седи со скрстени раце во Ирак

Турција е подготвена да преземе мерки во Ирак бидејќи не е задоволна од ветувањата на Вашингтон и на Багдад дека курдските екстремисти и шиитски милиции нема да учествуваат во борбите кои се водат за Мосул, изјави синоќа турскиот премиер Бинали Јулдирим.

Тој додаде дека Турција не може да седи со скрстени раце поради ситуацијата во Ирак, со оглед дека со таа земја има граница долга 350 километри.

- Турција никогаш не може да седи со скрстени раце пред масакрите, потенцијалните бранови бегалци и судирите долж својата граница и ако е неопходно ќе преземе акција. Ние ги извршивме сите подготовки за да преземеме наши мерки бидејќи нас до сега не не задоволија ветувањата дадени од САД и Ирак дека Курдската работничка партија (ПКК) и шиитските милиции нема да бидат дел од операцијата, посочи Јилдирим.

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади на вчерашната средбата со американскиот секретар за одбрана Ештон Картер повторно одби Турција да учествува во офанзивата за ослободување на Мосул од Исламска држава.