Јотова: Членството на Северна Македонија во ЕУ и НАТО е важно за Бугарија
Темата безбедност денес има специфично значење – од точки на конфликт до миграциска криза, бегалци и климатски промени, Исламска држава и странски борци, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова на средбата со претседателот на Воениот комитет на НАТО сер Стјуарт Пич.
Потпретседателката ја истакна улогата на Бугарија како стабилизирачки фактор во Западен Балкан, каде остануваат регионалните предизвици во безбедноста и стабилноста.
На средбата со Пич, Јотова рече дека е од големо значење за Бугарија е да се финализира пристапувањето на НАТО во Република Северна Македонија.
– Очекуваме и покана за членство во ЕУ за Албанија и Република Северна Македонија во октомври. Членството на двете земји во структурите на НАТО е силен аргумент во позитивна насока , истакна бугарската потпретседателка.
Јотова истакна и дека како надворешна граница на ЕУ, Бугарија е важен фактор за безбедноста на регионот и на Европа како целина. Таа потенцира дека бугарската држава успеала да ја запре негативната тенденција на намалувањето на трошоците за одбрана.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка