Јовчев: Руската разузнавачка агентура во Бугарија треба да се бара во високите нивоа
За откриената шпионска мрежа, која во Бугарија работела за руски интереси, но и за разузнавачките активности на Русија на Балканот, денеска се произнесе и поранешниот министер за внатрешни работи и своевремено прв контраразузнавач, Цветлин Јовчев. Според него, руската агентура отсекогаш била присутна во Бугарија, уште од времето на комунизмот, кога Софија беше верен сојузник на Москва.
-Бугарија излезе од сферата на влијание на СССР и Варшавскиот пакт и оттогаш односите меѓу двете земји радикално се променија, изјави Јовчев, според кого руската агентура никогаш не ја напуштила Бугарија.
За телевизијата „Нова њуз“ Јовчев коментираше дека откриената шпионска група е далеку од тоа дека ја претставува целата руска разузнавачка мрежа во Бугарија и дека таа треба да се бара на високо ниво, каде што навистина се има пристап до чувствителните информации.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, од гледна точка на воени информации, Русија ќе бара информации во Бугарија за новите американски ловци „Ф-16 Блок 70“, како и за модернизацијата на бугарските воено-воздухопловни сили. Русија ќе биде заинтересирана за нивната технолошка состојба.
Од гледна точка на политичкото разузнавање, експертот смета дека Русија ќе биде заинтересирана и за процесите на Балканот. Тој е категоричен дека Србија паднала во стапицата на Русија на Балканот и изрази искрена надеж дека Македонија нема да падне во неа.
-Русија дефинитивно ќе биде заинтересирана за односите меѓу Грција и Турција на Балканот, оцени тој.
Јовчев изрази изненадување од однесувањето на руската Амбасада во Софија, по повод извештајот на американскиот Стејт департмент за Бугарија.
-Апсурдно е Русија да ја брани Бугарија од САД, што не можам да го разберам, додаде Јовчев.
Тој коментира дека во последните години руските разузнавачки служби дејствувале прилично непрофесионално и како пример ги даде не само шпионската група откриена во Бугарија, туку и случајот Скрипал од 2018 година.
Ново на Сител
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фанагата во Данска на ЕП
-

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана
-

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
-

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула
-

Двајца 30-годишници пронајдени мртви во викендица во гостиварско
