-->
-->
ЈСП: Наши автобуси не беа предмет на акциската контрола на полицијата
-->
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека нивните автобуси не биле предмет на вчерашната акциска контрола на полицијата во која 49 автобуси беа испратени на вонреден технички преглед и кај кои се откриени неправилности со кочниците и уредот за управување.
– Сите возила на ЈСП Скопје се во редовен сообраќај согласно утврдениот линиски превоз. Преглед е вршен на возилата на приватните превозници и исклучени од сообраќај се неколку нивни возила. Детали од исходот на контролите, барајте во „Слобода превоз“ и „Мак експрес“, кои заедно со ЈСП Скопје учествуваат во реализирањето на јавниот превоз во Скопје, се наведува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња