Јубилејна 20. хуманитарна крводарителска акција во Скопје по повод Голема Богородица

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина, традиционално, по јубилеен 20-ти пат, денеска, во Домот на АРМ, во Скопје, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати.
– Оваа акција веќе 19 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 19 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4186 единици крв, или во просек 210 крводарители по акција. Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост, апелираат организаторите.
Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
