-->
-->
Јуве надигран од Милан, критики за Роналдо
-->
Јувентус вчера беа посрамотени при 0:3 поразот од Милан, а на „мета“ на италијанските медиуми освен тренерот Андреа Пирло, секако, беше Кристијано Роналдо, кој не можеше да избега од критиките откако беше речиси невидлив на теренот.
„Без мадиња, без игра, без идентитет“, остро прокоментира „Ла газета дело спорт“, посочувајќи на „духот на Кристијано Роналдо“, откако тој во првото полувреме немаше ниту еден допир во шестнаеетникот на Милан. Тој на крајот заврши со два удари, но ниту еден во рамките на голот на Џанлуиџи Донарума.
„Тој луташе без да пронајде простор, и покрај тоа што тука му беше Алваро Мората“, додава „Газета“, оценувајќи дека тимот на Андреа Пирло во ваква форма не заслужува да игра во Лигата на шампионите.
Иднината на Поругалецот во Торино останува нејасна, откако беа напишани многу шпекулации за можен трансфер во Манчестер јунајтед или Пари Сен-Жермен. Кристијано има договор со „бјанконерите“ до 2022 година, но се тврди дека Јувентус едноставно нема да можат да си ја дозволат неговата плата доколку не успеат да влезат во Лигата на шампионите, бидејќи финансиите на големите клубови се драстично погодени од пандемијата на КОВИД-19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар