Loading Video...
Македонија
9. August 2022 - 16:30

Каде ќе биде технолошкиот парк Скопје за кој Џон Малковиќ најавува инвестиции?

Идејата на филмската ѕвезда Џон Малковиќ во Скопје да се изгради големо филмско музичко студио по холивудски терк е се уште жива и чека одобрување од Владата. Познатиот американски актер најави дека ова ќе биде прво студио од ваков тип на целиот Балкан и ќе почне со инвестицијата откако ќе заврши законската процедура за проектот Скопје технолошки парк. Во изјава за МТВ Малковиќ открива зошто токму во Скопје сака да инвестира во ваков проект и како ќе изгледа студиото.

На овој проект вели му придава специјално значење бидејќи и самиот потекнува од Балканот.

Од Владата велат Технолошки Парк Скопје се уште е во фаза на утврдување  на статусот  на стратешки инвестициони проекти за кои течат рокови за постапување согласно Законот. Според информациите на Сител, идејата за овој проект е стара повеќе од три години и истата американската филмска ѕвезда му ја предложил лично на тогашниот премиер во Владата.

Џон Малковиќ деновиве е во посета на Србија во Феликс Ромулијана, римско наоѓалиште покрај Зајечар, каде глуми во претставата „Пеколна комедија – исповед на серискиот убиец“.