Loading Video...
Кошарка
4. August 2022 - 11:36

Кадетите декласирани од Израел со 34 и Шпанија со 31 разлика

Дека ситуацијата  во македонската младинска кошарка не е така розова говорат и двата убедливи порази на кадетите.
 
Како дел од подготовките за претстојното ЕП првенство за кошаркари до 16 години што од 12 до 20 август ќе се одржува во Скопје, нашата кадетска селекција игра три контролни натпревари. 
 
На турнирот во Скопје, избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ веќе претрпеа два убедливи порази. Првиот од врсниците од Израел кои славеа со 34 разлика односно 82-48, а вториот од Шпанија од која загубија со 31 разлика 89-58. Инаку Шпанците ќе бидат е еден од трите наши противници во групната фаза на шампионатот, во која црвено-жолтите ќе играат и со Црна Гора и Грција. 
 
Дали барем малку кадетите ќе го поправат впечатокот пред стартот на првенството ќе видиме во вечерашниот дуел против Турција што ќе се игра во СРЦ Кале со почеток од 20 часот и 30 минути.