Кадриу: Функцијата уставен судија носи голема одговорност
Новоизбраниот судија во Уставниот суд Осман Кадриу денеска по неговиот избор во Собранието на Република Македонија изјави дека покрај привилегиите што ги има оваа функција, таа носи и голема одговорност.
- Оваа функција е одговорна дотолку повеќе што и надлежностите на Уставниот суд се мошне значајни. Преку нив се остварува главниот интерес - интересот на општетството, на граѓаните. Да се штити правниот поредок, уставниот поредок на земјата, значи да се почитува Уставот на земјата, а да се почитува Уставот на земјата, значи да се сака земјата. Уставниот суд претставува стожер и чувар на уставниот поредок на земјата, истакна Кадриу.
Според него, донесениот Закон за јазици е во духот на Уставот и уставните норми затоа што прашањето за јазикот е уставна материја и се гарантира со Устав.
- Со Законот кој се носи само се предвидува техника, односно како да се оствари правото на албанскиот јазик да се применува како службен јазик во државата, рече Кадриу.
За Законот за СЈО за кој има поднесено повеќе иницјативи пред Уставниот суд, Кадриу рече дека одлука за ова ќе донесе Уставниот суд откако ќе бидат разгледани сите правни околности.
Дарко Костадиновски нагласи дека ќе ја извршува функцијата совесно, професионално и одговорно, а во однос на Законот за јазиците и Законот за СЈО рече дека ќе се изјасни кога ќе ги види законските решенија.
Ново на Сител
-
СЗО: Осум лица заразени со вирусот Марбург починаа во Танзанија
-
Облачно и студено наместа со повремен слаб снег, од петок пораст на дневните температури
-
Успешна, примерна и инспиративна приказна за една вистинска љубов
-
Во Скопје три лица искасани од кучиња скитници
-
Жената која беше извлечена од Вардар пред неколку денови е исчезнатата Лидија
-
Руте: Мора да направиме се што можеме за да ги чуваме нашите луѓе безбедни
-
Русија изврши масовен воздушен напад врз украинската енергетска инфраструктура
-
Четврто одложување на повтореното судење за модуларната болница