Македонија
4. јуни 2020 - 9:38

Кај жител на Илинден пронајдени марихуана и амфетамин

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 10 март, при извршен претрес во домот на обвинетиот 24-годишник во населбата Илинден, биле пронајдени девет поединечни пакувања наркотична дрога марихуана во вкупна нето маса од 212,65 грама, како и психотропна супстанца – амфетамин во вкупна нето маса од 25,73 грама, спакувана во шест поединечни пакувања. Полициските службеници ја одзеле дрогата која обвинетиот ја држел неовластено заради продажба.

Надлежниот јавен обвинител достави и предлог за продолжување на определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство или можност тој да го повтори делото доколку се брани од слобода, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.​