Како биле правени првите кондоми
Кондомите засега се најсигурен начин за заштита од сексуално преносливи болести и доаѓаат во разни големини, бои, вкусови и мириси.
Но, дали некогаш сте се запрашале како изгледале првите примитивни презервативи?
Тие своите корени ги влечат од Викторијанското време (1837-1901) кога се уште не постоел латексот од кој кондомите се изработуваат денес. Наместо тоа, луѓето импровизирале, па така за изработка користеле црева од овци.
Откако цревата ќе се исчистат и скратат на саканата должина, парчето се става во мешавина на сулфур и база во која стои неколку денови за да се „дезинфицира“. Заради таа техника, првите кондоми биле тврди како камен, па пред користењето морале да се натопат во вода и заврзат околу гениталиите.
Бидејќи ова средство за заштита било многу скапо, не било наменето за еднократна употреба, туку по миењето кондомот се сметал за чист и подготвен за повторно користење.
Група ентуизјасти од САД дури и снимија видео на целиот процес на изработка на кондомот, според „рецептот“ од средината на 19-от век.
Инаку, што се однесува до техниката за спречување на бременоста, жените од тој период користеле мешавина на отровна жива и дезинфекциски средства со која ги миеле гениталиите, а употребувале и измет од слон, кој има висока киселост, за да „ги уништат сперматозоидите“.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови