Македонија
29. October 2020 - 16:48

Како граѓаните гледаат на задолжителното носење маски на отворено и дали правилата важат и за политичарите?

Граѓаните носат маски иако законот се уште не е на сила. По објавување во службен весник мерката станува задолжително, а тоа најверојатно ќе биде од утре. Дел поради страв од казна други пак превентивно за да се заштитат од зараза. Речиси сите кои ги сретнавме во центарот на метрополата носеа или пак кога ќе ја видеа нашата камера ја ставаа заштитната маска. 

До сега функционерите кога се појавуваа на прес конференции или се обраќаа во некоја институција како во законодавниот дом и Владата не носеа маски. За нив важеше посебен протокол. Од сега ниту тие не треба да бидат привилегирани вели вицепремиерот на Владата. 

Откако е воведена мерка задолжително носење на маска при јавни собири, затворени објекти, во автобуси, полицијата казнила 87 146 граѓани. Вчера се изречени 830 прекршоци а денеска 879. Казната изнесува 20 евра или 1200 денари.

Од СДСМ сметаат дека новите мерки ќе помогнат да се намали ширењето на заразата. 

Опозицијата повторно бара оставки од министерот за здравство и Комисијата за заразни болести. Филипче преспа цело лето, иако знаеше дека доаѓа есенски бран на КОВИД, не се подготви. Венко Филипче не направи ништо со што ќе го спречи енормното ширење на заразата. Дополнително проблем е и загадувањето, за кое власта 4 години нема решение.

-Оваа мерка нема да важи доколку граѓаните спортуваат, се возат сами во автомобил или пак со своето семејство, престојуваат во сопствениот двор или во угостителски локал. Маски не треба да носат ниту деца до 6 години и граѓани со посебни потреби или пречки во рзвој.