Македонија
24. October 2020 - 21:17

Како расте бројот на нови случаи се заоструваат рестриктивните мерки

Тужба за државата за нанесената штета најавуваат сопствениците на ноќните клубови. Тие осум месеци се целосно затворени, а сега се навредени од понудата на Владата. По протестот од пред неколку недели, на средбата со прмеиерот им било ветено дека нивната ситуација ќе биде земена предвид и ќе добијат помош. Сега најавена им е помош од три месечни кирии. Сопствениците велат оваа помош е апсурдна ако се земат предвид сите трошоци што ги имаа за овие осум месеци, но и за следните шест за кои е јасно дена нема да работат. Освен за кирија, стигаат сметките за закуп на паркинзи, за струја, вода, интернет, за обезбедување.

Во Бугарија ноќните клубови престануваат со работа од утре. Во Србија работеа цело лето според протоколи и со скратено рабтно време. Работеа и во поголем дел од Европа, а истовремено добија и поддршка од државата.

Во четвртиот пакет антикризни мерки предвидени се грантови за организаторите на свадби и за игротеките кои исто така беа цело време затворени. За ноќните клубови ваква помош нема.