Македонија
16. September 2019 - 16:13

Како власта и опозицијата сфаќаат што е демократија? За младите тоа се европските вредности

На меѓународниот ден на демократијата младите побараа еднакви шанси за сите и надминување на партиските поделби. На пратениците им порачаа дека само со јакнење на демоктратските вредности Македонија може да стане земја која ќе им понуди европска иднина.

Симболично, овој ден Собранието им го посвети токму младите. Спикерот Џафери ги охрабри да бидат активни чинители и со својата креативност да ја придвижат земјата напред.

Само активните граѓани се чувари на демократијата и водилка за општествени промени. Бидете вие таа водилка, а ние, политичарите ќе бидеме вашата поддршка и сила. Охрабруваме и поздравуваме различни видови на младински активизам и придонес за општеството, затоа што веруваме дека демократија, без формите на активизам и без активно учество на граѓаните, пред се на младите во процесите на креирање на политики, е ранлива и секогаш на раб на опстанок, рече Џафери.

На прашањето дали Македонија е демократска земја, власта и опозицијата со различен одговор. Двете страни се единствено согласни дека демократските вредности се предизвик за земјава веќе 27 години.

Како позитивен пример за младински актвизам во Собранието беше промовирана и апликацијата спикаут, преку која тим од македонски средношколци и студенти ќе се бори против меѓуврсничкото насилство во училиштата.