Loading Video...
Кошарка
8. January 2020 - 10:01

Како во старите добри времиња, Кармело го „реши“ шампионот Торонто

Со кошот на Кармело Ентони на 3,3.секунди пред крајот екипата на Портланд славеше победа на теренот на шампионот Торонто со 101-99. Ентонои средбата ја заврши со 28 поени, а Демјан Лилард придодаде 20 поени и 9 скокови за победничката екипа. На Торонто не му помогна ниту дабл-дабл учинокот на Калј Лаури со 24 поени и 10 скокови кој го промаши шутот за победа, па „Репторси“ мораа да се помират со 13-тиот пораз сезонава. 
 
 
Наизвесно беше и на дуелите во Кливленд и Бруклин каде победи остварија гостите. Оклахома по продолжение го победи Бруклин со 111-103, а Детроит славеше против „Кавалирс“ со 115-113. 
 
Гостински триумф оствари и Сакраменто и тоа кај Феникс со 114-103. 
 
Предоста на домашниот терен ја искористија менфис кој со 119-112 ја совлада Минесота и кошаркарите на ЛА Лејкеси кои предводени од Леброн Џејмс и неговите 31 поен го совладаа Њујорк со 117-87.