Кампања на РСБСП - Безбедно на мотоциклите

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започнува кампања насочена кон унапредување на безбедноста во сообраќајот на мотоциклистите која ќе се реализира во соработка со МВР, Факултет за Безбедност-Скопје, Мотоциклистичката федерација.
Во услови на зголемена мобилност и се поголемо присуство на мотоцикли во сообраќајот, мотоциклистите остануваат една од најранливите категории учесници. Кампањата има за цел да ја подигне свеста за ризиците, да поттикне одговорно однесување во сообраќајот и да ја зајакне културата на меѓусебно почитување помеѓу сите учесници во сообраќајот.
Под мотото Вози Одговорно-Секој живот е важен, испраќаме јасна порака: Безбедноста не е избор, туку обврска на секој учесник во сообраќајот. Возењето мотоцикл бара високо ниво на концентрација, дисциплина и почитување на сообраќајните правила и прописи, но истовремено бара и зголемена внимателност од страна на останатите возачи.
Мотоциклистите се директно изложени на зголемен ризик од сообраќајни незгоди, како последица на непочитување на сообраќајните правила од страна на сите учесници во сообраќајот.
Преку оваа иницијатива РСБСП упатува апел до мотоциклистите – секогаш да користат заштитна опрема, да возат одговорно и согласно сообраќајните прописи, до возачите на моторни возила – да ја зголемат внимателноста, особено при престројување, вклучување и свртување, а до институциите – да продолжат со зајакнување на превентивните и контролни механизми.
-Преку заеднички допринос преку почитување на сообраќајните правилата и прописите, континуирана едукација можеме да изградиме побезбедни патишта за сите - се наведува во соопштението од РСБСП.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Железницата Бељаковце - Крива Паланка е инженерско чудо | ВИДЕО
-

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион
-

Пожарот во Штип изгаснат
-

Во Собранието ќе заседаваат седум комисии
-

Трамп изјави дека САД воделе „тајна мисија“ за да ја одржат отворена Ормуската Теснина
-

СЗО: Европа мора подобро да го заштити населението од екстремните горештини
-

Топло време, приквечер се очекуваат грмежи, дожд и засилен ветер
-

Македонските ракометари во група со силни противници на Светското 2027
