Македонија
7. July 2020 - 18:49

Капитални изданија од МАНУ за македонскиот јазик

Македонскиот јазик денеска на едно место ги собра лингвистите и политичарите, но овојпат главен збор имаа научниците. Повод беше промоција на 4 капитални изданија посветени токму на македонскиот јазик. Лингвистите апелираат врз науката да се градат добрососедски односи наместо таа да се злоупотребува во политички цели.

Блискоста меѓу јазиците не ги негира разликите, посочува научната фела. Македонскиот има свој развој и своја граматика, поинаква од бугарскиот јазик.

Токму Лингвистичкиот атлас на македонски дијаллекти кој е дел од голем меѓународен славистички проект беше причина за остри реакции на БАН, која го оспорува македонскиот јазик.

Академиците денеска ги преставија делата: „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“; меѓународниот зборник „Погледи за македонскиот јазик“; „Македонска хрестоматија“, и „Лингвистички атлас на македонските дијалекти“.