Loading Video...
Спорт плус
27. March 2020 - 16:47

Капитените Пандев и Лазаров со порака и поддршка во борбата против Ковид-19

Јавната поддршка од спортистите во борбата против Ковид-19 вирусот е секако добредојдена. 
 
Во продолжение пораките на капитените на фудбалската и на ракометната македонската репрезентација Горан Пандев и Кирил Лазаров 
 
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, испрати уште една порака до сите во Македонија за почитување на препораките во битката со Корона вирусот.
 
Во пораката која ја објави ФФМ се вели: 
„Секој треба да е одговорен, како према себе, така и спрема другите. Затоа. Седи дома и слушај ги препораките. Само со дисциплината самодисциплина може да го спречиме ширењето на вирусот“. 
 
И капитенот на ракометната македонска репрезентација Кирил Лазаров потенцира дека самодисциплината во овие моменти е најважна, а „најслатка“ е најтешко извојуваната битка, како што впрочем е оваа со КОВИД-19 вирусот. 
 
Во продолжение комплетната порака на Лазаров.