Фудбал
18. August 2020 - 14:46

Карабах - Силекс во живо на www.sitel.com.mk

Екипата на Силекс ќе биде првиот македонски тим кој ќе има настап во новата сезона на европските купови. 
 
Македонскиот вице-првак Силекс, во Баку, Азербејџан, ќе го игра натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите, против тимот на Карабах.  
 
Азербејџанскиот тим   кој е постојан учесник во европските купови важи за фаворит, но тој притисок како и фактот дека се игра само еден натпревар, по кој нема поправен е дополнителен притисок за домаќините. Токму тој притисок ќе се обидат да го искористат фуабалерите на Силекс и да направат изненадување. 
 
„Мора да веруваме во чуда затоа што во фудбалот често истите се случувале. Се игра еден натпревар, желба ми е да бидеме дициплинирани и да бидеме на ниво, а ќе видиме на крај дали ќе бидеме наградени за тоа“, изјави тренерот Горан Симов.
 
Натпреварот, Карабах – Силекс ќе започне од 18 часот, а истиот ќе може во ЖИВО да го гледате со коментар на нашата веб страна.