Loading Video...
Балкан
21. March 2021 - 16:35

Каракачанов во центарот на шпионска афера во корист на Москва

Шпионска афера ја тресе Бугарија. Во центарот на сакандалот е Министерството за одбрана каде е лоцирана групата која шпионирала за Русија. Покренати се обвиненија против 6 лица, меѓу кои има  воени лица и високи службеници во Министерството кои на Москва и продавале доверливи информации на штета на Бугарија, но и на САД, НАТО и ЕУ. 

Меѓу приведените е и шефот на шпионската група, инаку поранешен висок функционер на Воената разузнавачка служба. Негова задача била да врбува и формира разузнавачка мрежа од лица кои имаат допир со класифицирани материјали. Тој бил во директен контакт со руската амбасада каде ги пренесувал државните тајни. Бугарскиот премиер Борисов, коментирајќи го случајот, ја повика Русија веднаш да престане со разузнавачките активности.

Уште еднаш, тие треба да се прогласат за непосакувани руски дипломати и со вчерашната операција повторно им се обраќам на нивните водачи – да престанат да шпионираат во Бугарија. Дружбата е дружба, рече Борисов.

Руската амбасада во Софија аферата ја оцени како уште еден обид да се направи раздор во бугарско-руските односи и да се демонизира Москва. Вашингтон и Лондон пак ја поздравија акцијата на бугарските власти против шпионската група, потсетувајќи дека Бугарија е суверена држава која е членка на НАТО.