Карантинот во Италија даде резултати
Воведувањето регионални карантини во Италија, односно „црвени зони“ со строги анти-ковид мерки, даде резултати, бидејќи епидемиолошката состојба е подобра, изјави денеска генералниот директор на Одделот за превенција во Министерството за здравство Џовани Реза.
Во Италија, бројот на новозаболени лица во последните седум дена постојано се намалува, а во последните 24 часа има 19.350 новозаразени и 785 смртни случаи.
Реза објасни дека бројот на жртви од Ковид-19 ќе расте уште некое време, бидејќи смртните случаи регистрирани деновиве се оние пациенти кои се заразиле пред воведувањето на строгите ограничувања, со оглед на тоа што од моментот на заразување до исходот од болеста поминуваат околу 30 дена.
Претседателот на Високиот институт за здравство, Силвио Брусаферо, потврди дека епидемиолошката состојба е подобра отколку пред две недели, факторот Рт кој е показател за брзината на ширењето на коронавирусот значително опаднал, особено во регионите кои беа „црвени“ во последните две недели.
Сепак, тој наведува дека сè уште нема причина граѓаните да бидат спокојни, бидејќи процентот на заразени во однос на бројот на тестирани е сè уште висок.
Италијанската Влада подготвува нова наредба која ќе важи од 4 декември до 7 јануари.
Според медиумите, таа ќе содржи голем број ограничувања, пред сè полициски час од 22 до 5 часот наутро, а за Божиќ и Нова година ќе важи забрана за движење меѓу регионите, додека Божиќната миса ќе се одржи во 18 часот наместо традиционално на полноќ.
Конференцијата на италијанските католички бискупи веќе потврди дека сите верски служби ќе се одржуваат со строго почитување на анти-ковид мерките.
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
