Карапетјан предложи предвремени парламентарни избори во Ерменија
Вршителот на должност премиер на Ерменија, Карен Карапетјан предложи да бидат распишани предвремени парламентарни избори, со цел да се стави крај на политичката криза.
Според Карапетјан, можно е на изборите да победи лидерот на опозицијата Никол Пашинијан.
- Сегашната ситуација е непотребна. Пашинијан рече дека привремениот премиер треба да стане кандидат од народот, односно тој. Јас го замолив претседателот на земјата да се консултира со политичките сили и да закаже нови парламентарни избори, и ако граѓаните на Ерменија сакаат да го изберат Пашинијан, тогаш тој ќе стане премиер на земјата, посочи Карапетјан.
Серж Саргасјан, кој беше 10 години претседател на Ерменија, поднесе оставка како премиер во понеделникот по речиси две неделни протести на опозицијата, која го обвини за манипулирање со Уставот за да остане на власт.
Лидерот на ерменската опозиција Никол Пашинјан (42) изрази подготвеност да ја води државата, ден по оставката на премиерот Серж Саргасјан.
- Да, ние сме подготвени да ја водиме земјата. Ако народот ми довери одговорност, подготвен сум, изјави Пашинјан.
Саргасјан, кој беше претседател на Ерменија од 2008 година до март оваа година, по истекувањето на претседателскиот мандат, неодамна беше именуван за премиер по новиот парламентарен систем, според кој, претседателските овластувања се ослабуваат во корист на владата, односно премиерот.
Опозицијата тоа го сметаше како потег кој ќе му овозможи на поранешниот претседател да остане неограничено на власт.
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
